„Секоја жена е книга – свет за себе“ – попусти до 50 отсто во ТРИ

Во сите четири книжарници на ТРИ, како и оналјн на kniga.mk, 30-ина наслови се со попуст од 50 отсто во чест на Денот на жената, 8 Март. На ЛИНКОТ може да го погледнете изборот на книги што ви е на располагање.

– Драг читателу, овој 8 Март покажи ѝ колку ти значи преку книгите. Ние подготвивме триесетина наслови на попуст до 50 % за да ги одбереш книгите што најдобро ја опишуваат. Ако е силна, ако е непокорна, ако ѝ треба охрабрување… ти најдобро ја познаваш. Покажи ѝ го тоа со изборот на букетот книги. Не мораш да ѝ го подаруваш небото, таа веќе го има. Но секогаш можеш да ѝ подариш храбри зборови! – велат од ТРИ.

Сподели