Во интервјуто Амети раскажува за своите почетоци, за творештвото, за предизвикот на белото платно и светлината која има голема важност во неговите дела
„Роден сум во градот Гостивар, во западниот дел на Северна Македонија, во албанско семејство со традиција на талент за ликовна уметност. Татко ми беше многу талентиран, но поради економски причини немаше можност да го развие својот талент. Но, тој се жртвуваше за да ми овозможи финансиски и духовно да го развијам талентот што го наследив од него. Отидов во средно уметничко училиште во Скопје, каде што исто така дипломирав на Факултетот за ликовна уметност, а потоа во Приштина магистрирав“. Вака го почнува интервјуто нашиот академски сликар, Решат Амети за њујоршкиот магазин nyglamour.net.

Во интервјуто Амети раскажува за своите почетоци, за творештвото, за предизвикот на белото платно и светлината која има голема важност во неговите дела.
– Почетоците во професионалниот свет се секогаш тешки, особено во мали средини каде што недостасува културна инфраструктура, традиции и повисоки нивоа на конзумирање на вистинските уметнички вредности. Но, јас никогаш не се откажав. Верував во мојот свет кој за таа средина беше малку утописки. Не помина долго време кога почнав да гравитирам во поголеми градови и почнаа првите презентации на мојата уметност и до сега сум перманентно претставен во речиси секоја земја во светот која што е важна за уметноста – вели Амети.

Тој го најавува нoвиот проект, поттикнат до циклусот „Пробив на светлината“, која сака да ја пренесе во мултимедијален ликовен израз.
– Проектот е мултимедијален и корелација помеѓу ликовната уметност и другите видови уметничко изразување: музика – сценски настап и видео уметност. Проектот ќе се реализира во простор – сцена прилагодена за уметнички претстави! Антологиското: „И се случи светлина…“ покажува дека, во основа, светлината е причина за физичката перцепција на светот и сè што нè опкружува, но дури и највисокото ниво на духовна перцептивна светлина се остварува само преку уметноста и преку уметничкото, музичкото, ритмичкото и друго искуство – вели Амети.
Целото интервју на линкот.





