Сеавус едукативниот и развоен центар и годинава го одржува својот традиционален „Challenge Day“, што ќе се одржи на 7 април од 15 до 18 часот во просториите на СЕДЦ. Оваа година концептот е малку поразличен, и наградите се многу повисоки и помотивирачки. СЕДЦ за овој настан обезбеди фонд од 25.000 евра и истиот ќе биде распределен помеѓу најдобрите и најталентирани учесници кои ќе го решат соодветниот предизвик.
Стипендии ќе се доделуваат за следниве академии:
• Computer Networks and IT Operations
• Security Specialist
• Мануелно и автоматско тестирање
• Графички дизајн
• Гејм-дизајн
• Веб-дизајн
• Академија за програмирање – Скопје
• Академија за програмирање – Охрид
• Data Science
• Академија за дигитален маркетинг
Прашањата се на англиски јазик и истите се избрани согласно насоката, дел поспецифични, но и општи и логички поврзани со предметите што ќе се изучуваат на Академиите. Секој учесник има право да се тестира само за една насока од СЕДЦ Академиите.
Сите заинтересирани што сакаат да ја почнат или да ја пренасочат својата кариера во некоја од најплатените IT-индустрии, своето учество можат да го пријават на следниов линк.





