Се одложува воведувањето на дел од концепцијата за седмо, осмо и деветто одделение

Ќе се одложи имплементацијата на дел од концепцијата што се однесува за седмо, осмо и деветто одделение во однос на наставните планови и програми, без да бидат засегнати изборните предмети за кои сметаме дека се добро решение во идниот процес на образование кај младите, изјави денес министерката за образование, Весна Јаневска. Владата денеска ја донесе одлуката.

– Ова решение всушност ќе овозможи да надминеме еден сериозен проблем наталожен долги години. Веќе наназад неколку години вие знаете за недостаток на учебници. Секојдневно макотрпно работевме на изнаоѓање решение за овој проблем, дадовме максимални напори. Секојдневно бевме во комуникација, се среќававме со Бирото за развој на образование за да изнајдеме решение и конечно тоа и се случи и со силни барања, со силни напори, успеавме да обезбедиме всушност учебници за децата и оваа година – вели Јаневска.

Учениците во Македонија ќе имаат учебници за разлика од претходните години, кога процесот на креирање, печатење, одобрување на учебници од за нас навистина непознати причини, а претпоставувам повеќе познати на јавноста причини беше неодржлив, променлив, со бројни промени во повиците со грешки во учебниците и така натаму, додава Јаневска.

Сподели