Санација на Куќата на Робевци во Охрид

Во тек е санацијата на Куќата на Робевци во Охрид. Ова е еден од најголемите проекти лани за кој Министерството за култура издвои 3 милиони денари. Предвидено е санацијата да заврши во март со дополнителен буџет обезбеден од Министерството и од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид. Во рамките на санацијата посебно внимание ќе биде посветено на безбедноста на објектот, бидејќи таму се наоѓа златната соба во која се изложени највредните археолошки предмети.

Проектот предвидува санација на фасадата и покривот, на подовите, нов систем за греење, видеонадзор, современ алармен систем.

Насловна фотографија: Завод и музеј – Охрид

Сподели