Самостојна изложба на Пандора Апостолоска-Саздовска и Сашо Саздовски во „Грал“

Во скопската галерија „Грал“ утревечер во 21 часот ќе биде отворена изложба на дела од визуелната уметница Пандора Апостолоска-Саздовска и од скулпторот Сашо Саздовски. Апостолоска-Саздовска ќе се престави со проектот „Altum Silentium“, a Саздовски со проектот „Синергија“.

Целта на „Altum Silentium“ њ да ги презентира актуелните и визуелни истражувања на авторката во сликарството паралелно со цртежот. Во нејзините дела таа ги истражува правата на имигрантите и го дефинира видот на уметност што се создава за да постои во одреден политички момент, со што врши потенцијално политичко и општествено влијание врз самото уметничко дело. Таа има развиено уникатно тело на уметност што се занимава со реалноста и сегашноста, а не со традиционалните начини на претставување. Овој пристап им овозможува на гледачите да искусат жива меморија на општествениот активизам каде уметникот ги замаглува границите помеѓу уметноста и животот. Целиот проект содржи длабок пост-концептуален пристап, со цел да се „разјасни“ дека уметноста понекогаш не мора да има значење сама по себе, туку да дејствува како столб на тековниот експеримент и како дијалог во една поголема уметничка парадигма.

„Синергија“ ги презентира актуелните визуелни истражувања на авторот во скулптурата. Тој е дел од истражувачката серија на скулптри во кои авторот се обидува да ги спои природните материјали како мермерот и гранитот со вештачки добиените материјали создадени од човекот. Во овој проект авторот инсистира на минималистичка, а сепак монументално конципирана форма и истражувањето на соодносите светло – темно, природно – вештачко, движење – спокојство. Неговите експерименти со различни медиуми се видливи и без оглед на нивната димензија тие имаат монументалност. Делата на скулпторот Сашо Саздовски имаат за цел да го презентираат научно-истражувачкиот процес во кој авторот спојувајќи ги различните материјали се обидува да ја открие суштината на единство на спротивностите. Огромните, апстрактни димензии надвор од нашето разбирање секогаш ги поттикнуваа експериментите на уметникот во потрагата по сопствени, уникатни одговори. Постојаниот проток на енергија е доста провокативен во неговото континуирано патување низ скулптурата.

Пандора Апостолоска-Саздовска визуелен уметник, активист и истражувач. Во 2004 година дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Академијата за ликовни уметности во Скопје. Нејзината уметничката практика е насочена кон меѓучовечките односи истражувајќи ги аспектите на војната и насилството како политички и социолошки феномен. Во нејзината богата творечка кариера има реализирано изложби во музеи, галерии и центри за современа уметност. Во 2023 година беше визитинг професор на Универзитетот „Архипелаго“ во Сокотра, Јемен.

Сашо Саздовски е скулптор и истражувач. Во 2000 година дипломирал, а во 2002 магистрирала на ФЛУ во Скопје. Неговата уметничката практика е научно истражувачка. Во своите истажувања тој е фокусиран на прашањата за бесконечноста како одраз на нашето ограничено постоење во времето и просторот. Тој досега има изложувано во музеи и галерии за современа уметност. Тој е професор по ликовна уметност во СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје.

 

Сподели