„Самоглас“ избира средношколци-наратори на аудиокнига

Здружението за афирмација на уметност „Флуктус“ – Скопје, во рамки на проектот „Средношколци наратори на Самоглас vol.4“, распишува конкурс за наратор на аудиокнига. Целта на овој проект е да обучиме средношколец/ка со основни вештини за јавно говорење и заеднички да снимиме лектира која се користи за едукативни потреби во рамки на програмата за македонски јазик и литература во средните училишта.
Во рамки на проектот, планираме и целосно да го опремиме тонското студио во просториите на „Димитар Влахов“, кое ќе служи за создавање аудиоматеријали наменети за учениците со оштетен вид. Заедно ќе читаме и слушаме лектири, велат од „Самоглас“.

„Самоглас“ е веб платформа која нуди пристап до аудиобиблиотека од над 150 наслови. Поттик во креирањето на „Самоглас“ беше идентификацијата на потребата на средношколците за користење на аудиокниги. Овој конкурс е отворен за сите средношколци од средните училишта на територија на РСМ, а сè што треба да направат е да ја пополнат формата достапна на следниов ЛИНК.

Секој може бесплатно да ужива во аудиобиблиотеката преку креирање кориснички профил на www.samoglas.mk или преку користење на мобилните апликации на Самоглас, достапни на: AppStore, PlayStore и AppGallery.

Овој проект е финансиски поддржан од Град Скопје.

Сподели