Сага во средното уметничко: професори со протестна изложба пред МОН

Група професори од Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ од Скопје денеска пред зградата на Министерството за образование и наука поставиja протестна изложба. Беа изложени слики, графики и скулптури од професори од училиштето. Изложбата траеше од 11 до 12 часот, а беа присутни повеќемина професори кои повторно го искажаа својот револт под мотото „Спас за уметничко“.

ВРИЕ ВО СРЕДНОТО УМЕТНИЧКО: ВРАБОТЕНИ БАРААТ СМЕНА НА ДИРЕКТОРОТ, ТОЈ ВЕЛИ – НЕ СЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПРОМЕНИ

Фото: Умно.мк

Конфликтот меѓу поголем дел од наставниот кадар и в.д. директорот трае подолго време. Дел од колективот бара од министерката за образование и наука Мила Царовска да го разреши в.д. директорот Филип Фидановски „поради отсуство на достоинствена комуникација со колективот“. Фидановски пак тврди дека со соочува со бојкот уште од првиот ден на раководната позиција, најмногу затоа што сакал да воспостави подобар ред и да се подобри квалитетот на наставата во училиштето. Од МОН велат дека за проблемите е надлжен Државниот просветен инспекторат.

Фото: Умно.мк

Сподели