Саем на независни издавачи ФИЈУК во дворот на библиотеката „Браќа Миладиновци“

Дваесетина издавачи ќе учествуваат на ФИЈУК Македонија – саем во дворот на Библиотеката „Браќа Миладиновци“ во дневна варијанта со почеток во 14 часот. Саемот ќе трае до 21 часот, а веднаш потоа следува музички дел.

Саемот ќе биде отворен со три мини соло изложби и работилница за колаграфија, а ќе го затвориме со музика и „Гола планина колектив“. Станува збор за изложби на Алиса Лаурешес – „Дали стре виделе мечка?“, Марта Патлиџанковска – „Уживање“ и Владимир Муратовски – „Карикатури“.

Од 16 часот ќе се реализира работилница за печатење колаграфија од 16 до 18 часот со Алиса Лаурешес и Ана Трајковска.

ФИЈУК САЕМ е настан инициран од колективот „Матријаршија“ во Белград, со цел да собере на едно место што поголем број на мали издавачи кои се бават со уметничка продукција, со цел нивно поврзување, вмрежување и поголема видливост. Истиот се шири во овој формат и под ова име и во Хрватска, Шведска, Словенија со повремени настани кои привлекуваат значителен број на публика и е секогаш поддржан со музичка програма.

Саемот го задржува својот специфичен идентитет со една единствена цел, да презентира нови возбудливи изданија и да овозможи нивен понатамошен живот. Досега е одржуван три пати на БОШ Фестивал, а со неговото прво издание во Скопје, го најавуваме 15-тото издание на фестивалот кој ќе се одржи оваа година од 18 до 20 август во Гевгелија.
Фијук е место на нови идеи, реализирани во различни материјални форми, графики, плакати, постери, музика, мапи, арт книги, фотографии или монотипии. Фијук е простор за средби, размени, разговори, љубови и симпатии, каде ќе го најдете она парче среќа што долго го баравте.

Повеќе за учесниците, на следниот ЛИНК.

Сподели