Саем на книгата на отворено кај Аква паркот

Под мотото „Безбедни саеми“, од 8 до 14 септември ќе се одржи Саемот на книгата на отворено, непосредно до Аква паркот, кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Искуството од минатата година покажа дека со почитување на мерките, Саемот за книга може да се одржи во добар ред и со одлична промоција на наслови. При тоа Скопје покажа дека Саемот на книга му е неопходен како вид духовна храна каде читателите може да ги изберат своите омилени парчиња, велат организаторите.

Саемот на книга ќе се одвива според важечките владини протоколи, со почитување на сите донесени мерки.

 

Сподели