Наградата „Мето Јовановски“ за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот ќе му биде врачена на актерот Владо Јовановски, вечерва во 20.30 часот кај Црквата Свети Илија во Стар Дојран. Од филмската програма на фестивалот ќе биде прикажан играниот филм „Руски конзул“ во режија на Мирослав Лекиќ од Србија, последниот филм во кој игра Мето Јовановски, а играат заедно со Жарко Лаушевиќ.
Во филмот играат: Небојша Дугалиќ, Висар Вишка, Светозар Цветковиќ и др.
Ќе бидат прикажани и краткиот филм „Параноик“ на Андреј Георгиев и „И покрај тоа што е ноќ“ на францускиот режисер Гилермо Гарсија Лопез.
Вчера во чест на актерот Владо Јовановски се одржа разговор посветен на неговото богато актерско творештво.