„Букбокс“ репортажа од Верона: Ромео е мртов, да живее Кејв!

„Не разубедувај ме, мил мој Протеј,
младич што не мрда никаде, ограничен е во умот.
Да не ти ја ставила во пранги младоста кревка
со погледи мили саканата твоја лична,
би те молел да тргнеш со мене
и да ги видиш чудата на светот голем
место дома што си се затворил ко некоја баба.“

Со овој цитат Илина Јакимовска ја почнува својата репортажа објавена во рубриката „Букбокс“ на порталот Оф.нет.мк.

Точно со вакво чувство тргнав за Верона, по три години пандемиско „бабување“ и неодамна прележан ковид. Сама, придружена со доза инает и билет за концерт на Ник Кејв. Со две асоцијации на овој град: збирката „Љубовниците од Верона“ на Предраг Луциќ во која на потпишаните парови на ѕидот близу куќата на Јулија тој им измислува контекст и судбина. И на „Двата витеза од Верона“, малку позната комедија од Шекспир кои некои проучувачи ја сметаат за дебитанска драма на бардот и прва во која хероината се преправа во момче. Во неа на хумористичен начин се опишува залуденоста на заљубените, а главниот женски лик се вика – Јулија. Оваа комедија се смета за негово најслабо дело, и секако е во сенка на трагедијата од која овој град профитира, на онаа другата, исто така измислена Јулија. Целиот текст на линкот на „Букбокс“.

Сподели