Романот за деца „Не паркирај гаража“ од Трајче Кацаров на турски јазик

Деновиве од печат излезе романот за деца „Не паркирај гаража“ од Трајче Кацаров, во превод на турски јазик, а во издание на издавачката куќа „Јени Балкан“. Преводот е на Рабие Рушид. Ова дело за кое Трајче Кацаров ја доби наградата на ДПМ за најдобра книга за деца „Ванчо Николески“ доживеа меѓународна афирмација и преку преводот на украински јазик на Ана Бахрајана. Беше објавен во издание на „Тврдина“ од Луцк, Украина.

На една од промоциите на ова дело, професорот по литература за деца Мото Спасовски ќе рече: „ Долго време чекав да наидам на дело кое ќе биде блиску до делата на Џани Родари. Во ова дело на Кацаров, наидов на очекуваното!“