Романот „Адамовото ребро“ од Оливера Николова вечерва промотивно во Софија

Романот „Адамовото ребро“ од Оливера Николова преведен на бугарски јазик ќе биде промовиран вечерва во 18.30 часот во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија. Книгата која излезе од печат годинава, како издание на „Изида“. За неа ќе зборува уредничката Елеонора Тодорова и преведувачот Маријан Петров.

Вечерта ќе започне со видеообраќање на 88-годишната авторка кон присутните во галеријата на Центарот во Софија.
– Дури кога ја напишав книгата „Адамовото ребро“ сфатив дека всушност е моето длабоко барање на себе си. Барањето на себе си никогаш на минува без учество на другите, затоа сум длабоко благодарна на сите познати и непознати, современици и несовременици, сонародници и несонародници. – напиша Оливера Николова кон бугарското издание на нејзината книга.

Сподели