Ристо Вртев: Привилегија е за музичар да го следи ваков оркестар (ГАЛЕРИЈА)

И покрај тоа што мојот прв настап со „Архангел“ како клавијатурист беше во 1998 година, јас пред сè се гледам себеси како фан на овој исклучителен македонски бенд. Покрај тоа што ќе го водам овој концерт, воедно ќе бидам и дел од публиката. Тоа ќе биде големо уживање за мене, рече Џијан Емин, музичар, диригент и аранжер пред концертот „Филхармонија на отворено“ кој ќе сe oдржи вечерва, во 21 часот во Градскиот парк во Скопје. Музичарите од Филхармонија, фронтменот на „Архангел“, Ристо Вртев и Емин кој подготви оригинална оркестрација на хитовите на култната рок група, интензивно се подготвуваа за концертот.

– Привилегија е за музичар да има ваков оркестар, да го следи. И нека стане традиција. Јас не се сметам себеси за рок музичар, туку за автор на песни. Тие песни можете различно да ги облечете. Додека се подготвувавме, забележав дека додека ги пишував песните, не се гледав во нив. И сега, слушајќи ги во овој звучен амбиент се најдов во некои од нив. Беше трогателно – рече Вртев.

Во продолжение погледајте избор на фотографии од подготовките во Филхармонија низ објективот на фотографката Татјана Ранташа.

 

Фото: Татјана Ранташа

Сподели