Режисерката Милена Виитман го снима краткиот филм „Раѓање“

„Раѓање“ e насловот на краткометражниот филм во режија на Милена Виитман, што деновиве се снима во продукција на DNF Films. Станува збор за приказна за амбициозна жена, чиј свет се руши во моментот кога станува мајка, прави обиди да ја прифати суровоста на новонастанатата реалност. Сценариото е на Виитман и Верица Недеска, продуцент е Гоце Кралевски. Директор на фотографија – Марина Колоска, сценографија – Александра Петкова Гианели, костимографија – Жаклина Крстевска, а маскерка – Јоана Агеборн.

Актерска екипа ја сочинуваат: Симона Спировска, Филип Трајковиќ, Тања Кочовска, Несрин Таир, Емисија Мицевска, Ирена Ристиќ и Жаклина Стевковска.
Филмот е поддржан од македонската Агенција за филм.

Сподели