Ревија на полски филмови во Битола

„Недела на современ полски филм“ од вечерва до петок ќе се одржи во Центарот за култура Битола. Проекциите почнуваат во 19.30 часот. Организатори се полската амбасада во земјава и Кинотеката на Македонија.

Ревијата почнува вечерва со „Траги“ во режија на Агњешка Холанд. Улогите ги толкуваат: Агњешка Мандат, Виктор Жборовски, Јакуб Гершал. Приказната е за Душејко, ексцентрична пензионирана градежна инженерка, астролог и вегетаријанка, која живее во мало планинско село на чешко-полската граница. Еден ден нејзините сакани кучиња исчезнуваат и Душејко не може никаде да ги најде. Неколку месеци подоцна, во една снежна ноќ, интровертниот сосед на Душејко налетува на мртвото тело на ловокрадец што живее во близина. Неговата смрт е мистериозна. Единствените траги околу телото се оние од копитата на елените…

На програмата утревечер е „Лице“ во режија на Малгоржата Шумовска, по сецанарио на Михал Енглерт и Шумовска. Улогите ги толкуваат Матеуш Кошчукевич, Агњешка Подшадлик, Малгоржата Горол. Задутре ќе биде прикажан „Соединетите држави на љубовта“ по сценарио и во режија на Томаш Василевски. Играат: Јулија Кијовска, Нагдалена Челецка, Дорота Колак, Марта Нерадкиевич.

Филмовите ќе бидат прикажани во малата сала во Ценатарот за култура, влезот е бесплатен. Задолжително е почитување на ковид-мерките, прикажување на сертификат за вакцинација, носење маска и држење дистанца.

Сподели