Ретроспективната изложба на дела од сликарот Жарко Јакимовски која беше одложена поради тридневната жалост, ќе биде отворена вечерва во 19 часот во Музејот на град Скопје. Тој ќе се претстави со дела од сите фази во неговото сликарско и цртачко творештво.

Јакимовски (1948) е доајен на македонската ликовна уметност. Активен е речиси 50 години. Добитник е на бројни награди и признанија. Студирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана (1970-1974), кај професорите Габриел Стубица, Јанез Берник – врвни мајстори од познатата традиција на љубљанската школа.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.