Во Музејот на град Скопје вечерва во 19 часот ќе биде отворена ретроспективната изложба на сликарот Жарко Јакимовски. Ќе бидат презентирани дела од сите фази во неговото сликарско и цртачко творештво. Oва е прво ретроспективно претставување на неговите дела.

Жарко Јакимовски (1948) е доајен на македонската ликовна уметност. Активен е речиси 50 години. Добитник е на бројни награди и признанија. Студирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана (1970-1974), кај професорите Габриел Стубица, Јанез Берник – врвни мајстори од познатата традиција на љубљанската школа. Бил на студиски престои во Холандија, Франција, Германија каде учел од делата на големите мајстори на светската уметност. Сепак, во фокусот на неговите дела е македонската ликовна традиција – средновековното фрескосликарство и иконописот.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.