„Нома“, ресторанот на Рене Реџепи, кој има потекло од тетовско Џепчиште го освои првото место на листата на 50-те најдобри ресторани во светот. Настанот се одржа во белгискиот град Антверпен, кој важи за место со богато кулинарстко и културно наследство. „Нома“ се наоѓа во Копенхаген.
Примајќи ја наградата, основачот на ресторанот што се наоѓа во Копенхаген, му се заблагодари на тимот и рече дека успехот не би се случил без него.

Второто место го освои ресторанот „Geranium“ исто така во Копенхаген на шефвите Расмус Кофоед, а трето место е ресторанот „Асадор“ од шпанскиот град Ачондо.
Беше доделена и наградата за најдобра жена шеф, а ја доби Перуанката Пиа Леон, сопственичка на ресторанот „Kjolle“ во Лима.

Реџепи поминал добар дел од своето детство во Џепчиште. Во 2011 година е избран за „Најдобар готвач на светот“, а неговиот ресторан „Нома“ неколку години по ред ја добива титулата „Најдобар ресторан во светот“ и ѕвездички „Мишелин“. Во 2012 г. е прогласен за 11-ти највлијателен човек во светот, а се има појавено на насловната страница на весникот „Тајмс“.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.