Стоечки аплаузи, одушевена публика, задоволни музичари – синоќа Филхармонијата ни приреди неповторливо искуство. За многумина добри познавачи на музиката и на сцената кај нас, „Реквием за еден пријател“ беше еден од најдобрите концерти што ги сведочевме во последните години кај нас.

Кога се мешаат животот и смртта, двата дела од целината на еден човек, неминовно е да навираат емоции кои не може да не ве допрат. Збигњев Прајснер со голема почест го создал делото што му го посветил на својот пријател и соработник, режисерот Кшиштоф Кишловски.

Иако делото постои речиси четири децении, едноставно синоќа му дошол денот за да го слушнеме во Скопје и веројатно има зошто е така. Некои дела бараат и ѕвездите да им бидат наклонети во соодветно време и место. Сите солисти до еден беа врвни, хорот „Про Арс“ исто така, а концертот го диригираше Емил Табаков од Бугарија.

Како солисти настапија: Билјана Јосифов, Катерина Стојановска, Ѓорѓи Цуцковски, Александар Стефаноски, Бојан Булатовиќ, Золтан Борбељ на оргули и Каролина Бетер од Германија/Србија, која свиреше на соло блок флејта. Мешаниот хор „Про Арс“ со кој раководи Сашо Татарчевски и овојпат беше феноменален. Радува концептот на Филхармонијата во што повеќе концерти да можеме да го слушаме овој хорски состав.

фотографии: Маја Аргакијева

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.