Изложбата „Рефлексии на новата реалност“ од Лазе Трипков ќе биде отворена вечерва во 19 часот во „Мала станица“ во Скопје. Станува збор за мултимедијален проект кој нуди „бегање од реалноста“ на мачното пандемиско, карантинско или „ново-објективно“ време, преку кое Трипков успева да ги ослободи своите внатрешни и најинтимни аспекти на созерцание, вели кураторката Ана Франговска.

– И онака станавме „заложници“ на новите дигитални технологии, на персоналните компјутери, телефоните и таблетите, како и апликациите и социјалните медиуми ни станаа екстензија на рацете, чувствата и доживувањата. Без нив не можеме да дишеме, па чувствуваме дека ни фали функционален дел од нашето тело, не можеме да размислуваме, да работиме, да комуницираме, да љубиме, да „хејтаме“. Во ваквиот изолациски период, во кој тет-а-тет комуникацијата стана ривалски предизвик и виртуелна размена, рефлексијата со самите себеси пак, стана предмет на следење на психолошки и терапевтски инструкции со цел излегување од депресија, прескокнување на потешкотии, трауми, губитоци, осаменост… – вели Франговска.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.