РЕАД програма за резиденти за уметници во Турција, Србија, Косово и Албанија

Проектот „Регионална мрежа за културна разновидност“ (РЕАД) финансиран од ЕУ, објавува повик за резиденцијален престој каде автори од нашата земја и Турција, Србија, Косово, Албанија имаат можност да престојуваат во една од гореспоменатите партнерски држави.

Целта е на авторите да им се даде можност дa ја запознаат литературната, уметничката и културната сцена во регионот и со тоа да се поддржи регионалното распространување на литературни дела од наведените земји.
РЕАД Програмата за резиденти започнува со реализација во мај и трае до крајот на декември во зависно од избраната земјата, а престојот на авторот е еден месец.

Повикот е отворен до 30 март. Објавен е на англиски јазик, зашто тоа е официјалниот јазик на резиденцијалната програма.
Повеќе информации во врска со Отворениот повик за апликации може да најдете на следниот линк.

Сподели