Разговори за филм и фотографија во „Буква“

Во кафе-книжарницата „Буква“ денеска во 18 часот ќе се одржи дебата за филм и фотографија во рамкитена конференцијата „Стратегии во уметноста“. На темата филм ќе зборуваат Јане Алтипармаков, Иван Ивановски, Алек Василевски (Кинотека), Игор Иванов Изи, Дарко Набаков (Македокс), Жарко Иванов (Флип бук) и Ана Василевска. На состојбите во фотографијата ќе се

осврнат: Кирил Штрков, Зденко Петровски, Тоше Јанев, Дејан Колевски, Димитар Апостолов, Искра Трајчева и Јелена Белиќ. Следува настап на Аксиотомик, lXgram и Добрила.

Дебатата се организира во рамките на 15. сезона на уметничката резиденција „Креативен викенд“. Целите на оваа конференција се да се види кој со што придонесува за уметничката сцена, да се укаже на слабостите и можните решенија, да се проговори за тоа што недостасува, и како би можела да се подобри инфраструктурата којашто им овозможува на уметниците подобар амбиент за нивното творење и поддршка на промоција на нивните дела во Македонија и надвор од неа.

Насловна фотографија: Сцена од филмот „Хомо“ на Игор Иванов-Изи

Сподели