Разговори со полски писатели во библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе гостува полскиот автор Војќех Јагелски, автор на книгата „Сите војни на Лара“. Разговорот со авторот ќе го води проф. д-р Лидија Танушевска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје. Разговорот се организира по повод Месецот на полската литература. На настанот

ќе му претходи отворањето на изложбата од студентите-учесници на конкурсот „Графика на годината“, организиран од Графичкиот факултет при Академијата за ликовни уметности во Краков. Излоѓбата ќе биде отворена во 18.30 часот.

Во четврток (16 мај) ќе гостува пистелката Роксана Јенджејевска-Брубел, авторка на книгата „Расположенијата на Хиполит Колбас“. Оваа писателка за деца ќе одржи и креативна работилница во Одделот за литература за деца во 17 часот. Гостувањето на полските автори е дел од проектот „Полска на полица“, во кој партнер на полската амбасада е скопската библиотека. Сите настани се на македонски јазик.

Сподели