Разговор за македонскиот роман на Филолошкиот факултет во Скопје

Во големиот амфитеатар А3 при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, утре во 13 часот ќе се одржи разговор на тема „Македонскиот роман и современите тенденции во светската книжевност“. Разговорот го организираат Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ и Филолошкиот факултет.

Ќе учествуваат професорките: Маја Бојаџиевска, Весна Мојсова-Чепишевска и Елизабета Шелева, како и писателите Владимир Јанковски и Петар Андоновски. Разговорот ќе го модерира Ѕвездан Георгиевски.

Настанот се одржува во рамките на одбележувањето на јубилејот 25 години од наградата „Роман на годината“.

Сподели