Во книжарницата ТРИ во Градскиот трговски центар во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи разговор со професорот Владимир Мартиновски, посветен на графичката новела „Брчки“ од шпанскиот автор Пако Рока.
– Во време на зимско сивило, се топлиме со бои! А графичките новели со својата богата палета се совршени за возбудливо патување низ чувствата. Овој книгокруг е посветен на графичката новела „Брчки“ за која ќе разговараме со професорот Мартиновски, кому спојот на книжевноста и ликовната уметност му е професионален интерес – велат од ТРИ.
Фестивалот „Синедејс“ додели „Златна ѕвезда“ за филмската адаптација на оваа графичка новела. „Брчки“ е дел од едицијата „Нашите приказни“ поддржана од Европската Унија.





