Разговор со уметникот Дриант Зенели во Чифте амам

Во Чифте амам во Старата скопска чаршија денеска во 18 часот ќе се одржи разговор со уметникот Дриант Зенели, по повод неговата тековна изложба „Трилогија: Под површината има уште една површина“. Присутните ќе можат да се запознаат со творечкиот развој на овој меѓународно афирмиран автор, неговите уметнички концепти, интереси, истражувања и реализации.

Воедно, тој ќе зборува и за неговиот најнов филм, снимен во Поштата во Скопје, дел од „Трилогијата: Животните: Си било некогаш… во денешно време“, насловено „Светулката продолжува да свети, змијата продолжува да расте“ (2022). Филмот е изведен во соработка со Националната галерија на Македонија и Машинскиот факултет од Скопје. Филмот е нарачан од „Манифеста 14“, а продуциран од Фондацијата Between Art Film.

Сподели