Актерот Ѓорѓи Јолевски ќе ја изведе монодрамата „Последната лента на Крап“ од Семјуел Бекет, вечерва во 20 часот на малата сцена на Македонскиот народен театар. Веднаш по изведбата, првенецот на МНТ половина час ќе поразговара со публиката на темата „Создавањето на ‘Последната лента на Крап’, идеја, процес, реализација и рефлексии”. Јолевски е и режисер и продуцент на претставата.
Оваа претстава на 22. Интернационелен фестивал на монодрамата во Битола доби Гран при за најдобра претстава и најдобра режија.
Претставата имаше премиера во декември минатата година. Преводот на текстот од англиски на македонски јазик го направи драматургот Владимир Јанчевски. Сценографското решение, дизајнот на плакатот и програмскиот каталог се на Сергеј Светозарев, костимографијата е на Ивана Каранфиловска – Угуровска.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.