„Разбирање на Кина: 100 клучни термини“ на македонски јазик

„Разбирање на Кина: 100 клучни термини“ е насловот на книгата која деновиве излезе од печат во издание на „Македоника литера“. Делото е толкување на кинеската мисла и култура од аспект на филозофската, историската и животната мудрост. Книгата содржи 21 термини филозофска мудрост, 34 историска мудрост и 45 термини од традиционалната кинеска медицина.

– За полесно да се разбере „современа Кина“ треба продлабочено да се познава „традиционална Кина“, односно кинеските филозофски мисли, хуманистичкиот дух, начините на размислување и вредностите. Кинескиот народ се потпира на мудроста на своите предци и учи од нивниот дискурс, а странските читатели може да ја разберат современата Кина од аспект на кинеската мудрост – велат издавачите.

Сите термини доаѓаат од проектот „Клучните концепти во кинеската мисла и култура“, серија во девет тома објавена двојазично (на македонски и англиски јазик) од „Македоника литера“ и од двотомното издание „Клучните концепти во традиционалната медицина“ составена од Ли Џаогуо, Ву Ќинг и Синг Јуруи, исто така неодамна публикувана од „Македоника литера“.

Опфаќајќи ги филозофијата, историјата и животот, секој термин е претставен со неговото основно значење и конотација. Книгата е поделена во три дела: филозофска мудрост, историска мудрост и животна мудрост.

Сподели