Распустот продолжен до 23 јануари

Второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на 18 јануари ќе започне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици. Ова го одлучи Владата денеска на 118-та редовна седница, по предлог на Министерството за образование и наука.

Во образложението на ресорното Министерство е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците.

Сподели