Објавен е конкурсот за доделување на наградата за необјавено поетско дело „Антево перо“. Наградата е востановена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски. Наградата „Антево перо“ за 2025 година се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга (поетски ракопис). Покрај „Антево перо“, се доделуваат и придружни награди, „Антев златник“ и „Антев часовник“. Комисијата го задржува правото да не ги додели придружните награди.
На Конкурсот можат да се јават сите автори кои имаат необјавен поетски ракопис на македонски јазик, без разлика на националноста, возраста, литературниот „стаж“ или државата во која живеат. Со оглед на тоа што покрај наградата „Антево перо“, на Конкурсот се доделува и наградата „Антев часовник“.
Повеќе за пропозициите, кликнете на следниот ЛИНК.





