Распишан конкурсот за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“

Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности, „Креативна верига“ од Охрид го распиша конкурсот за наградата „Тоде“ за најдобра песна за деца. Право на учество на конкурсот имаат сите домашни автори кои заклучно со 21 февруари ќе испратат своја необјавена песна на [email protected].

Изборот на трите песни што ќе бидат наградени, и тоа прво место со 9000 денари, второ со 6000 и трето со 3000 денари, ги избира стручното жири во состав Виолета Танчева-Златева, Зоран Јакимоски и Дијана Петрова.

Минатата година наградите ги добија: прво место, Пандалф Вулкански со песната „Алиса се кара со Белиот Зајак и со неговата Тава“, второ место Соња Манасиевска Конеска за „Жабешки хор“ и трето место Зоран Јакимовски за „Штурецот и мравката“. Песните можете да ги прочитате во шестиот број на книжевното електронско списание „(е)Лит“.
Наградата е финансиски поддржана од Општина Охрид.
Повеќе детали во врска со конкурсот можат да се прочитаат на фејсбук-страницата на „Креативна верига“.

Сподели