Раскошниот балет „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди во НОБ

Раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, според драматуршката подлошка од неговата популарна „Травијата“, на 21 февруари во 20 часот ќе биде изведена во Националната опера и балет. Диригент е Иван Еминовиќ, а кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург. Раскошната сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка, концерт-мајстор е Климент Тодороски.

Во главните улоги ќе настапат: Марија Кичевска-Шокаровска и Франциско Хименес Руиз од Шпанија. Ќе настапат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на НОБ.

Сподели