Расказот „Здолниште од пеперутки“ од Силвана Димитриевска ја доби првата награда на литературниот конкурс за краток расказ „Раскажувам фотографија 2021 на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. Расказот е инспириран од тема/фотографија: Жената Еврејка.

Втората награда ја доби расказот „Партија шах“ од Александар Тасевски (на тема/фотографија: Евреите и спортот), третата награда ја доби „Лицето на Маген Давид“ од Сузана Ѓорѓиевска (на тема/фотографија: 11 март 1943 – депортација и последно патување).

Жирито додели пофалници за расказите: „La Clave“ од Јована Матевска Атанасова (на тема/фотографија: Еврејски поговорски), „Судиска грешка“ од Мартин Милев (на тема/фотографија: Евреите и спортот) и „Клучот“ од Билјана Станковска (на тема/фотографија: Еврејски поговорки).

Фото: Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.