Расказ од Томислав Османли објавен во грчката ревија „Енекен“

Во последните два броја на „Енекен“, угледното грчко списание за култура и општетвени прашања кое се публикува во Солун, одново е објавна прозна творба на нашиот автор Томислав Османли. Станува збор за расказот „Лето, песок во косите“, петта по ред книжевна Осмални која ја објавува солунското списание. Расказот е летната повест, дел од циклусот од вкупно седум лирични прози насловен „Четири годишни времиња“, за прв пат објавен во прозната збирка „Приказни од Скопје“ што, во издание на скопска „Култура“, се појави во популарната едиција „Најчитаните“, во 2005 и одново во 2010 година.

Ревијата за култура „Енекен“ донесува голем број прозни, поетски текстови и книжевни осврти, студии, анализи текстови на општествени теми. Во него, покрај македонскиот, се застапени и автори од Грција, Русија, Кина, Франција и други култури.

Сподели