Работилници за креативно менторство во Детскиот културен центар – Карпош

Работилници за креативно менторство почнаа во Детскиот културен центар – Карпош, а се наменети за ученици од основните и средните училишта на Град Скопје. Целта на работилниците е да ја сублимираат креативноста и креативните потенцијали како основа за понатамошен успешен раст и развој на младите.

– Низ серија предавања и практична работа во времетраење од еден месец ќе се постигне повисоко ниво на креативност и инвентивност кај сите пријавени учесници со кои ќе работат експерти – ментори. Целта на секоја работилница е да финализира со готов производ, а понатаму следи промоција, презентација, поврзување со можни стопански субјекти – велат од Центарот.

На овој начин учениците ќе имаат можност да се вклучат во целокупниот процес на креирање и создавање т.е. од идеја до реализација на идејното решение – производ.

Оваа година младите ќе имаат можност да се запознаат со изработка на класичен мозаик и на инклузивен (универзален ) дизајн. Работилниците за креативно менторство почнуваат ќе траат до 30 септември. Реализацијата на работилниците е со поддршка од Град Скопје.

Насловна фотографија: ДКЦ-Карпош (архива)

Сподели