Во Чифте амам во Старата скопска чаршија вчера се одржа работилница на која учесниците на мали разбои имаа можност да творат и да ја совладаат оваа техника. Историчарката на уметност Анета Шајн, професорка на Универзитетот Мериленд, која воедно беше учесник на истата, истакна дека работилница во ваков амбиент претставува ретка и единствена можност за изразување на кретивност на нов медиум.
Спомна дека во 70-тите години од 20 век, со појавата на феминистичкото движење, ваквите техники биле воведени во музеите, најнапред експериментално, за да подоцна толку многу се прошири, за да стане пракса која опстојува и до ден денес…

Работилницата се одржува во Чифте амам, додека паралелно е отворена ретроспективната изложба на Димче Коцо.
Изложбата можете да ја посетите секој ден во неделата, освен понеделник, од 10 до 18 часот, a истата ќе трае до крајот на август
Цената на влезницата е 100 денари, за ученици и студенти 50 денари, а од истата изложба можете во објектот да купите и одличен каталог на 120 страници, по промотивна цена од 200 денари.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.