Работилница за новинари за теми поврзани со климатските промени и животната средина

Како да известувате на теми поврзани со климатските промени и животната средина, како да ги претставите податоците на разбирлив и атрактивен начин, што се дезинформации за климата и како да направите проверка на фактите во врска со климатските промени? Ова се дел од темите што ќе бидат опфатени на работилницата што ќе се одржи во Скопје на 31 октомври и 1 ноември. Повикот е отворен за новинари од целата држава. Работилницата ќе ја водат проф. д-р Наташа Марковска од Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при Македонската академија на науките и уметностите и Александар Манасиев, долгогодишен новинар и уредник.

Новинарите-учесници на работилницата ќе имаат можност да аплицираат за финансиска поддршка при изработка на новинарски стории на теми од животната средина и климатските промени. Сите заинтересирани за учество на работилницата можат да аплицираат најдоцна до 25 октомври. Повеќе инфпрмации на линкот.

Сподели