Работилница на Умно.мк за млади новинари во Прилеп

Десетина средношколци и основци учествуваат на работилницата за едукација на млади новинари од областа на драмската дејност што ја спроведува Умно.мк во соработка со Македoнскиот татарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Работилниците ги држат Весна Ивановска-Илиевска и Сребра Ѓорѓијевска, новинарки, уреднички и основачки на платформата за уметноста, наука и образование Умно.мк. Тие им ги пренесуваат своите долгогодишни искуства на младите што се интересираат за оваа професија.

– Новинарите што известуваат за настани од културата станаа дефицитарна професија во Македнија. Не само што згаснаа многу медиуми, туку се затвораат и редакции за култура во медиуми кои се уште функционираат. Оттука тргна идејата работилницата да ја одржиме за време на 58. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. На младите им ги објаснуваме основите на новинарството, но и директно ќе почувствуваат што значи да се известува од еден фестивал – велат од Умно.мк.

Работилницата трае пет дена, и е финансирана од Министерството за култура во рамките на Годишната програма за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2024 година.

Сподели