Работилница за кореографија и танц со Бобан Русески

Во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар денеска од 13 до 15 часот ќе се одржи „Култренинг“ работилница за кореографија и танц со танцовиот уметник и кореограф Бобан Русески. Работилницата „Чувствени алатки за танц“ со Русески ќе им овозможи на учесниците да се запознаат со можностите за телесно ангажирани движења и алатки за креирање и поставување на сопствени кореографии.

Работилницата ќе се одвива во два дела. Првиот дел е загревање и изучување на техника на под, по која следи развивање и продолжување на работа на кореографско дело „Општествена критика“, дело на Бобан Русески поставено во 2019 година. На работилницата, Русевски заедно со учесниците ќе продолжи да истражува за манипулацијата, што е значењето за поединецот, односно како секој од нас ја препознава, се однесува кон неа, и какви реперкусии има за општеството. Методот на истражувањето на манипулацијата ќе биде преку слободно движење и перцепција, чувственост и емоција.

Бобан Русески (роден 1996 годиа), завршил средено образование во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ насока модерен и џез балет. Сега е на последната година на студии при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, на катедрата за современ танц под менторство на проф. Рисима Рисимкин. Работилницата е дел од програмата „Култренинг“ на Локомотива реализиранa во соработка со Младинскиот културен центар.

Фото: Зорица Зафировска

Сподели