Пијанистката Ана Велиновска ќе одржи работилница за современа музика денеска во 13.30 часот во малата сала на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Таа е алумни на ФМУ. Магистрира во Луцерн, Швајцарија, а сега е докторанд-истражувач на Универзитетот во Левен, Белгија.
Велиновска е една од најбараните пијанисти на најголемите и најреномирани фестивали во Европа за современа музика, за што и таа специјализира.
Влезот е слободен.




