Во моментот во тек се уписите за учебната 2024/25 година. Интересот за завршување на средното образование во САБА се зголемува од година в година
Работата во мали групи е најголемата предност на малите образовни институции, а една он нив е приватното средно училиште САБА. Оваа приказна почнала пред 16 години во Скопје, а само една година подоцна се отвора и почнува со работа САБА Битола. Оваа учебна година тие го слават 15-годишниот јубилеј.
– По тој повод на почетокот од учебната година имавме голема прослава на која учествуваа наши сегашни, но и некогашни ученици кои моментално се на факултет, а повозрасните веќе работат и градат успешни кариери – вели м-р Бисера Бијелиќ-Стојчевска, професорка по македонски јазик и литература и координаторка за настава во училиштето.

Бисера Бијелиќ-Стојчевска
Во моментот во тек се уписите за учебната 2024/25 година. Интересот за завршување на средното образование во САБА се зголемува од година в година.
– Тоа особено ме радува. Уписите се во тек и веќе имаме запишано ученици за следната учебна година. На сите ни е јасно дека ако во нешто вреди да се вложува тоа е иднината и образованието на нашите најмлади. САБА нуди посебен модел на образование. Работа во мали групи, континуирано следење на постигнувањето на секој ученик, поврзување на теоретските знаења со практичните. Многу работиме на самодовербата кај срамежливите и несигурните ученици. Не толерираме врсничко насилство или дискриминација и ги подготвуваме учениците за идните животни предизвици – објаснува Бијелиќ-Стојчевска.
Септември изгледа далеку, но за час ќе пристигне
Таа особено се радува кога некогашните матуранти се враќаат за да им раскажат каде се запишале и колку успешно напредуваат на факултет. Многу ученици од САБА избираат познати балкански, европски, па и светски универзитети и високо котираат на тамошните листи.

– Се радувам и кога ќе видам како ученици кои во основно училиште биле немотивирани, а со тоа и послаби, сега одлично се снаоѓаат и охрабрени заслужено добиваат петка – вели Бијелиќ-Стојчевска.
Наставниот кадар и учениците редовно учествуваат во хуманитарни акции. Традиционално, пред Нова година собираат донации за ранливи категории на граѓани и се обидуваат да ја подигнат филантропската свест кај младите. Иако ова е крајот на оваа учебна година, тие веќе се подготвуваат за новата.
– Можеби за некого септември изгледа далечен, но јас сум свесна дека многу брзо ќе дојде, а со него и новите ученици и предизвици. Како и секоја година планираме квалитетна настава, практична работа во успешни локални фирми, соработка со државни институции и граѓанскиот сектор. Неизбежен дел од воспитно-образовниот процес се Еразмус плус проектите и двонеделната пракса во странство предвидена за најдобрите ученици од САБА – објаснува Бијелиќ-Стојчевска.

Нектарија Илиевска, ученичка во прва година на насоката информатика вели дека работењето во помали групи е поефикасно, бидејќи професорот може да се посвети повеќе внимание на секој ученик.
– Своето средно образование ќе го паметам по различните воннаставни активности, добиеното знаење, посебниот однос од професорите, искуството и новите пријателства кои ги стекнав тука – вели Нектарија.
Што велат учениците од САБА
Таа досега учествувала во Еразмус+ проектите како домаќин заедно со САБА-Битола. Тука имала можност да прави презентации на соученици од различни земји од светот.
– Од овие можности преку Еразмус+ проектите научив за различните култури и цивилизации, за сетереотипите и предрасудите во различните држави и многу други корисни работи, кои во иднинна се надевам дека ќе ги проширам со нови искуства. Работењето во мали групи, посветеноста на професорите, животните искуства кои ги добиваме на различни начини, можноста за наше надоградување се дел од многуте позитивни страни на училиштето кои се битен дел во образованието, а ние несомнено ги добиваме тука! Бидете подготвени за многу учење – вели Нектарија.

Теодора Мицеска е ученичка во трета година на насоката бизнис. И за неа работата во мали групи е една од поголемите предности што ја добиваат учениците во САБА. Начинот на предавање и реализирање на материјалот е практичен и лесно се совладува.
– Пред мене претстои уште една година полна со нови средношколски изненадувања. Ги издвојувам пријателствата со средношколци од други држави. Еразмус+ проектите во САБА се пристапни за сите четири генерации, кои ни помагаат во нашата насока. Научив како треба да изгледа еден бизнис, како треба да функционира светот на маркетингот. Работењето во мали групи, можноста за двонеделна пракса во странски држави, праксата во локални фирми, пријателствата кои ги стекнувмае… Тоа е нашата САБА – вели Теодора.

Димитриј Питроповски е ученик во 4 година, на насоката информатика. Според него, во малите групи има добра меѓусебна комуникација, а ги издвојува дружењата, воншколските активности, Еразмус проектите и екскурзиите.
– Имам преубави спомени и новостекнати знаења од Еразмус проектите. Учетствував на неколку Еразмус проекти во странство и имав можност да одам две недели на пракса во Германија. Со тоа созреав како личност и културолошки се издигнав. САБА е одличен избор за учениците бидејќи за разлика од државните средни училишта, односот помеѓу учениците и професорите е пријателски. Тоа што се учи во помали групи им овозможува на учениците да им се посвети повеќе индивидуално внимание. Секој час е вистинско уживање! – завршува Димитриј.






