„Пукнатини-трансформации“ од Благојче Наумоски во МКЦ

Во галеријата на Младинскиот културен центар вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Пукнатини-трансформации“ од Благојче Наумоски. Проблемот со кој авторот се занимава во овој проект се пукнатините и трансформациите, каде што предметното, амбиенталното е поставување на функционален ефект на трагата од присуство на конкретната ситуација.

– Преку овие дела го истражувам она што се наоѓа под или зад содржината, а тоа се самите пукнатини насекаде околу нас. Тоа за мене е предизвик за експериментирање со мешање техники, деконструирање, трансформирање и др. Интересот, меѓу другото, ми е насочен кон создавање на бинарни опозиции: позитив-негатив, полно-празно, вдлабнато-испакнато и ефектите што се создаваат, инсистирајќи на нејасната граница помеѓу илузијата (на насликаното наспроти дигиталното) и реалноста во рамки на геометризмот – вели авторот.

Изложбата ќе биде отворена до 31 март.

Сподели