Прво место за хорот на ООУ „Кочо Рацин“ на натпревар во Венеција

Хорот на скопското основно училиште „Кочо Рацин“ освои прво место светскиот куп во фолклор, фестивалот „Соправиста“ во Лидо ди Јесоло, Венеција. На натпреварот учествуваа околу 500 наппреварувачи од 12 земји. Предметната наставничка по музичко образование, Наташа Митрова, заедно со 7 ученици од училишниот хор изведоа македонски песни обработени за хорска изведба.

– Неверојатно е чувството да се слушне името на својата татковина, Македонија, но победнички. Седум мали деца ја направија татковината горда, го направија гордо и своето училиште, својот училиштен дом. На сцената настапија Олег, Софија, Мартин, Мина, Меглена, Александра и Јана – велат од школото.

Минатогодишната победа во Римини, Италија, беше поттик за нови музички авантури на училишниот хор при ООУ „Кочо Рацин“, велaт оттаму.

Сподели