Победниците на конкурсот „Поткасти на Самоглас“ го претставуваат поткастот „демобилизација“, посветен на процесот на создавање на македонската (нова) музика. Ива Дамјановски и Виктор Танасковски се автори на поткаст во кој секоја епизода е посветена на по една песна од по еден македонски артист кој ја раскажува нејзината приказна. Првата епизода е посветена на „Дерма“, првиот сингл на „О, Убавче“. За неа разговараат со Мартин Џорлев и Лила Мирчевска.
Епизодата од „демобилизација“ е веќе достапна на платформата „Самоглас“. Шесте епизоди кои што се снимени во рамки на проектот ќе бидат објавувани секоја втора недела до крајот на ноември. Секој може бесплатно да ужива во аудио библиотеката преку креирање на кориснички профил на www.samoglas.mk или преку користење на мобилните апликации на Самоглас, достапни на: AppStore, PlayStore и AppGallery.
За сите оние кои сакаат да се во тек со Самоглас, можете да ги следите нивните официјални профили на социјалните мрежи Facebook и Instagram. А за оние кои сакаат да се во тек со „демобилизација“, можете да ги следите нивните официјални профили на социјалните мрежи Facebook и Instagram.





