Прв академски час ќе се одржи денеска на дел од факултетите при државните универзитети во земјава. Од денеска официјално започнува новата академска 2021/22 година.

– Негувајќи ја традицијата, организирано и свечено да ги пречекуваме новите академски граѓани, факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организираат први академски часови. Ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски далечински ќе се обрати на првите академски часови на студентите на Правниот факултет, како и на студентите на Економскиот факултет.

Наставата ќе се одвива со комбиниран пристап, дел во живо, дел онлајн.

И на најголем дел од единиците на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Битола денеска ќе се одржи првиот час, а дел ќе започнат в понеделник. Ректорот Сашо Коруновски денеска ќе се обрати на Факултетот за безбедност во Скопје. Наставата според спецификата на единиците ќе се одвива со физичко присуство и онлајн, како и претходната акадeмска година.

Првиот академски час денеска ќе се одржи и на на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид и на Универитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.