„Прозорец со поглед – неограничено време во ограничен простор“, е насловот на заедничкиот проект на визуелниот уметник Иван Ивановски и композиторот Александар Пејовски, кој ќе биде поставен вечерва во 20 часот во Центарот „Јадро“ во Скопје. Проектот се реализира во соработка со кураторот Владимир Јанчевски.

Станува збор за уметничка аудиовизуелна инсталација – обид за деконтекстуализација на етаблираните форми, преку визуелни и звучни елементи кои коегзистираат во еден простор. Проектот се состои од 40-ина слики на Ивановски со различни димензии изработени во техника акрилик на платно и хартија и музичка композиција на Пејовски насловена „Отворен прозорец“ (Open Window). Тие воспоставуваат релација во рамки просторната поставка, како двонасочна визуелна и музичка кореспонденција.
„Прозорец со поглед“ е метафорична игра која се труди да преиспита неколку сериозни и релевантни теми за нашето време. Повлекувајќи го посетителот преку очигледната визуелна симболика во сликите, со форми кои асоцираат на град кој хаотично се развива, понатаму ја отвора можноста за дискусија занедостатокот на простор проектиран по хумани начела и современи урбанистички стандарди. Оттука, фокусот е пренасочен и на прашањата поврзани со приватноста во онлајн простор-времето, сведени на нулта димензија со којасѐ повеќе се идентификувa и каде што сѐ почесто престојуваа најголемиот дел од популацијата.
Идејата е гледачот да влезе во еден вид деконструиран „атриум“ во кој што ќе си го постави прашањето: „Дали гледам надвор, или некој однадвор ме гледа мене?“ И секако, притоа да проба да си замисли што се случува на претпоставената точка на која се вкрстуваат различните точки на гледање





