Протест на новинарите и медиумските работници

Протестен марш денеска во 10.30 часот пред Владата ќе одржат Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.
– Заеднички и сплотено ќе го изразиме нашето незадоволство од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите, лошата социо-економска состојба – велат од ЗНМ И ССНМ.

До Владата и до Собранието ќе бидат доставени барањата:
– Итно да се донесат неопходните закони кои се важни за правата на новинарите и работата на медиумите и нивно доследно имплементирање.
– Јавните функционери и политичарите да ги почитуваат новинарите и снимателите.
– Крај на агресивниот државен пи-ар.
– Поддршка за локалните новинари и медиуми.
– Почитување на работничките права на новинарите и медиумските работници.
– Безбедни услови за работа на новинарите и медиумските работници.

Рутата на движење е од Влада до Собранието.

Сподели