Ивана Ќ. Самандова, Ана Ивановска, Доротеј Нешовски, Ертунч Сали, Ненад Тонкин, Озбег Ајваз, Ана Трајковска, Ивана Мирчевска, ОПА, Благојче Наумовски Бане, Кристијан Јованоски синоќа ги изложија своите уметнички креации како дел од изложбата „Просторни реадаптации 2.0“ долж Скопската плажа покрај кејот на Вардар. Ова е второ издание на изложбата, а група автори со своите мултидисциплинарни и инвентивни истражувања го трансформираат отворениот простор на некогашната скопска плажа, преполнувајќи го со разновидни концепти кои нудат свежи перспективи и давајќи му нова смисла.
Идејата е уметноста да се приближи до секојдневието на граѓаните и да може поблиску да се запознаат со македонските уметници и различните изведби на денешната современа уметност.
Проектот е поддржан од Министерство за културa и Град Скопје.










